Попладнево (17,30 ч.) е првиот собир на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп по точно 60 дена одмор. Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ќе се одржи првиот состанок на УО, Стручниот штаб и играчите. Новоназначениот тренер Реваз Чантурија и асистентот Рубин Лашкоски ќе информираат за планот на подготовките во претстојните 40 дена, до стартот на Супер лигата. Очекувањето е за приклучок на нови играчи, не само од младинската екипа, туку и сосема нови, засилувања. Бидејќи претходно беше објавено за заминувањата на голманот Зураби Цинцадзе, левото крило Казеин Рустамов, десниот бек Хари Павлов, левите бекови Владимир Трајкоски и Даниел Андоновски, пивотот Марко Трајковски, средниот бек Марио Гичев.
Ривали на Прилеп во Супер лигата А-група ќе бидат: Алкалоид, Бутел, Вардар (Скопје),Вардар (Неготино), Охрид, Куманово и Струга.