Фудбал

РЕМИ НА ПОБЕДА СО СИЛЕН ГОСТИН (ВИДЕО)

Нерешено, 2:2 изваде македонскиот прволигаш Победа на денешниот пријателски меѓународен меч со албанскиот суперлигаш Егнатиа. Резултатот е поволен за прилепскиот тим со оглед на силниот гостински состав. Околу 1000 гледачи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп беа сведоци на брза игра, остри дуели, голема борба. Домашните поведоа со голот на младиот Марио Наумоски во 6. минута. Тоа беше убава, течна акција со завршница оддесно. Десет минути подоцна, во 16. минута интернационалниот гостински тим успеа да израмни на 1:1 преку Џоел. На новото домашно водство не се чекаше долго. Во 21. минута црномурестиот Џејмс со остар шут оддалеку во долниот агол го совлада гостинскиот голман. Победа не искористи уште неколку шанси. Гостите имаа сили да возрватат во второто полувреме, особено по измената на деветмина од домашниот тим. Тогаш, во 60. минута по центаршут одлево, во мешаницата одблиску беше затресена мрежата за конечни 2:2 од страна на Флавио.

За Победа настапија: Тофилоски, Стомнароски, Паноски, Петејчук, Коцев, Бошески, М. Наумоски, Тодороски, Мазари, Б. Спиркоски, Џејмс. Во вториот дел влегоа: Јованоски, Келвин, Хани, Делов, Симуновиќ, Ѓурковиќ, Рамани, Кисески – Илијоски, Чуквума.

Меч каков што бара тренерот Бобан Бабунски, со силен ривал, за да се видат сите квалитети, но и слабости кај Победа. Следниот е в сабота, со Академија Пандев во Струмица.

БОШЕСКИ ВО НОВА УЛОГА

Гледачите ги изненадија позициите на некои од домашните фудбалери. Особено интересно изгледаше Антонио Бошески. Тој наместо по десната страна, делуваше во средниот ред. Се чини дека е одлично решение ако се земе предвид колку истрча, колку беше често со топката. Но, ова се само контролни натпревари. Треба да сочекаме натаму кои ќе бидат потезите на Стручниот штаб.

Бошески и Филип Тодороски играа 60 минути, излегоа, па во финишот повторно влегоа во игра.

 

Од категоријата

ЗАСИЛУВАЊАТА ОД СТРАНСТВО СЕ ПРИКЛУЧУВААТ НА 1 ФЕВРУАРИ!

Зоран Иге

(фото) И НА СТУДОТ ПАК СТОТИНА ПРИЛЕПЧАНИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА НЕМА СМИСЛА ДА ОДИ ВО ШТИП В САБОТА, БИДЕЈЌИ СЕКАКО ЌЕ ОДИ СЕДУМ ДЕНА ПОДОЦНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе