Фудбалерите што ја завршиле кариерата во поодминатите години ги одбираат најдобрите 11-мина кои претходно им биле соиграчи. Така и низ светот прославениот крушевчанец Илија Најдоски од страна на српски новинар беше замолен да направи свој избор на каналот „Спортисимо“, па меѓу одбраните влезе прилепчанецот Рубин Ѓорѓиоски, соиграч во Победа во почетните осумдесетти години од 20 век. Целосното видео од изборот е подолу, а на насловната фотографија Рубин Ѓорѓиоски е во улога на кондициски тренер на Победа против Хамбургер во Хамбург, во 2. коло од Интертото-купот на УЕФА, летото 2005 година.
ВИДЕО