Фудбал

ЧУДЕН ТИМ: ШЕСТПАТИ СО РЕД ИЗГУБИ, ПА ДВАПАТИ ПОБЕДУВА!

Екипата на Бучин игра мошне необично есенва во фудбалската Трета лига – Југ. Во првите шест кола нареди шест пораза – на гости од Големо Коњари, Марена и Превалец, дома од Питу Гули, Росоман и Слога. Од клубот информираа дека тоа се должи на некомплетниот состав. По се изгледа тој проблем е решен, па од минатото коло почнаа победите. По триумфот со 5:1 врз Младост во Кривогаштани, попладнево дома со 5:2 е совладан бившиот второлигаш Локомотива од Градско. Стрелци: Сашо Талевски 14, 29, Никола Сламкоски 22, Александар Србиноски 38, Ѓорѓија Мургоски 89 – Сенад Кариманов 40, 44.

Други резултати: Вардар – Слога 3:0, Големо Коњари – Росоман 6:0, Марена – Питу Гули 1:2, Превалец – Обршани 9:0, Младост – Канатларци 3:2.

Следно 9. коло (30 октомври во 13 ч.): Канатларци – Бучин, Обршани – Младост, Питу Гули – Превалец, Росоман – Марена, Слога – Големо Коњари, Локомотива – Вардар.

Од категоријата

ПО ПАУЗА ОД ТРИ НЕДЕЛИ ПОБЕДА В САБОТА ИГРА ДОМА!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО МАЛО КОЊАРИ!

Зоран Иге

БРАЌА ЗА ПРАВДАТА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе