Нема повеќе дилеми, Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија ги прифати препораките од Министерството за внатрешни работи за одложување на сите фудбалски натпревари меѓу 14 и 19 октомври 2025 година. Според ова, следното 9. коло од Втората лига на Македонија наместо претстојнава сабота, ќе се одигра на 25 октомври во 14.30 часот. Тогаш се и дуелите во Големо Коњари (Големо Коњари – Брегалница Ш.) и во Струмица (Беласица – Победа). Очигледно причина е одржувањето на локалните избори.
СЛЕДНО 9. КОЛО (25 октомври во 14.30 ч.): Големо Коњари – Брегалница Ш., Беласица – Победа, Преспа – Тетекс, Охрид – Саса, Скопје – Новаци, Детонит – Вардар Н., Слога В. – Кожуф, Шкендија А. – Осогово.
ТАБЕЛА: Брегалница Ш. и Шкендија А. 20, Беласица 16, Охрид 15, Скопје и Детонит 14, Кожуф, Осогово и Новаци 13, Саса 10, Вардар Н, 9, Тетекс и Победа 7, Слога В., Преспа и Г. Коњари 3.