Прекрасно помина тринаесетто издание на ултрамаратонските трки под насловот „Крали Марко Треилс“ на козјите патеки во околината на Прилеп, каде историјата спомнува дека минувал токму јунакот над јунаци – Крали Марко. Многу публика за многу учесници, вкупно 312. На најдолгата, најтешка патека од 40 километри најбрз беше Александар Стојкоски, прилепчанец кој живее во Германија.
Подолу е видеото со разговорите со него пред и по трката.
ВИДЕО
Стартот и целта беа кај Амфитеатарот во населбата Варош и за 40 километри и за 23 и за 13. Организацијата беше одлична, предводена од Асоцијацијата за промоција и управување со проекти и настани во планинско трчање и други планински спортови ТРЕКС од Скопје, придружувана од прилепчани во Организацискиот одбор, поддржани од Општина Прилеп. За секој учесник имаше обезбедено медали, храна (леб и грав), освежителни пијалоци (сокови, вода…). Учесниците беа дури од 17 држави, а на трките се освојуваа бодови за меѓународната сцена.