Шеснаесет години (тринаесетто издание поради паузата со короната) се одржува традицијата на ултрамаратонските трки под насловот „Крали Марко Треилс“ на патеките козји во околината на Прилеп, каде историјата спомнува дека минувал токму јунакот над јунаци – Крали Марко. Спортски настан со неверојатно голем интерес и од Македонија (над 250 учесници од кои 13 се прилепчани), но и од странство (59). За трките кои се бодуваат и на меѓународната сцена (40 и 23 километри, освен најкусата од 13 километри) пријавени се вкупно 312 тркачи.
Има меѓу странците и од Балканот (најмногу од Бугарија 7, Грција 2), од некогашната Југославија (Србија 5, а има и од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово), но и од подалечните држави – САД, Шведска, Франција, Русија, Англија, Португалија, Германија.
Стартот кај Амфитеатарот во населбата Варош е в недела од 8 часот (40 километри), во 9 часот (за 23 километри) и во 10 часот (13 километри). На истото место е и целта, каде првите, најбрзите би требало да стигнат пред 11 часот. Македонија има одлични претставници, меѓу нив и прилепчани, како Александар Стојкоски, кој шест години е жител на Германија и се има покажано на многу претходни трки. Организатор е Асоцијацијата за промоција и управување со проекти и настани во
планинско трчање и други планински спортови ТРЕКС од Скопје.
Подолу е видеото со најавата а настанот од страна на прилепчанецот Пецо Стојкоски, еден од членовите на Организацискиот одбор.
ВИДЕО