И во третолигашката конкуренција има квалитетен фудбал, а тоа се потврди денеска во Прилеп, на игралиштето со вештачка трева. Во рамките на 20. Коло од Третата лига – Југ, Ултрас (Прилеп) – Венец (Долни Дисан) 2:3. Голема борба, офанзивна тактика од двете страни, пет гола, од кои последниот, одлучувачкиот, падна во 90. минута. Стрелци: Христијан Баракоски и Петар Петроски за Ултрас, а Кирил Неделков сите 3 за Венец. Во Прилеп ретко кој успева да земе бод, а еве Венец успеа да ги освои сите три бода. Следи изјава од гостинскиот тренер Влатко Шишков,
– Пролетва ние имаме доста успех. Како минува времето, така играчите стекнуваат се повеќе искуство, се се подобри и подобри. Впрочем, тоа го покажува и пласманот на третото место, со добри шанси за второто, дури и за првото место. Значи, денешниов резултат не е изненадување. Иако и прилепскиов тим е одличен, нашиот имаше повеќе шанси и заслужено победивме. Одиме со максимална борба до крајот на сезоната – рече Влатко Шишков.
РЕЗУЛТАТИ/СТРЕЛЦИ:
Ултрас (Прилеп) – Венец (Долни Дисан) 2:3 (Христијан Баракоски, Петар Петроски – Кирил Неделков 3)
Млекар (Мало Коњари) – Младост (Кривогаштани) 2:0 (Филип Трајкоски 2)
Питу Гули (Крушево) – Росоман (Росоман) 5:1 (Јованчо Бубаќоски 3, Унча Бојаџиески 2 – Николчо Наумов)
Превалец (Велес) – Влазними јуниор (Пресил, Крушевско) 5:0 (Александар Јордановски, Марио Панов, Марјан Стефановски, Лука Наумов, Ѓоре Црнушев)
Башкими (Горно Јаболчиште, Чашка, Велешко) – Борец (Велес) 0:1 (-Теодор Мирчевски)


ТАБЕЛА
Борец 52
Превалец 46
Венец 40
Ултрас 35
Питу Гули 32
Башкими 27
Росоман 24
Млекар 16
Бучин 15
Младост 15
Тополка 14
Влазними ј. 14
Дреново 1
Слога 0.

СЛЕДНО 21. КОЛО (ПОНЕДЕЛНИК, 13 АПРИЛ, 15 ЧАСОТ):
Ултрас – Млекар, Венец – Башкими, Тополка – Превалец, Влазними ј. – Питу Гули, Бучин – Младост.