Секое повисоко место на табелата е предизвик, затоа не е без значење кој ќе биде трет во Третата лига – Југ. Токму за таа позиција денеска од 15 часот е големата битка помеѓу домашниот Ултрас од Прилеп и гостинскиот Венец од Долни Дисан, Неготинско. Се игра на игралиштето со вештачка трева во Прилеп, судии се Николче Димовски (Велес), Љупчо Клинкаров (Градско) и Марко Најдов (Велес), а контролор Ристо Коџабанов (Велес). На табелата Венец е трет со 37, а Ултрас едно место подолу со 35 бода, така што со евентуален триумф, прилепскиот тим напредува кон третото место. Подолу се денешните дуели од 20. коло,
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА (ПЕТОК, 10 АПРИЛ) ОД 15 ЧАСОТ:
Млекар (Мало Коњари) – Младост (Кривогаштани)
Ултрас (Прилеп) – Венец (Долни Дисан, Неготинско)
Питу Гули (Крушево) – Росоман (Росоман, Тиквешко)
Превалец (Велес) – Влазними јуниор (Пресил, Крушевско)
Башкими (Горно Јаболчиште, Чашка, Велешко) – Борец (Велес)
ТАБЕЛА
