Одиграно е 11. коло од Општинската Б-лига на ОФС Прилеп. Лидерот на табелата, Братство од Житоше, дома постигна тешка победа од 3:2 над Корзо од Прилеп. Стрелци: Онур Имероски, Абил Емини, Беар Емини – Дамјан Преспаноски, Мартин Петкоски). На другите мечеви, Прилеп сити – Партизан Обршани 1:2 (Андреј Јолески – Никифор Ујгуноски, Ангел Котески), Канатларци – Пролетер Прилеп 0:3 службено (неправилен настап на домашни играчи).
Следното 12. коло е на 18 и 19 април. На 18 април (сабота) од 16 часот играат: Партизан – Боротино, Канатларспор – Братство и Корзо – Канатларци. На 19 април (недела) од 14 часот на игралиштето Могила во Прилеп е дуелот Пролетер – Прилеп сити.
ТАБЕЛА
