Денеска од 13 часот е 13. коло на Втората лига на Македонија. Во Прилеп дуелот Победа – Кожуф е без гледачи, поради казната од Фудбалската федерација на Македонија од 4 меча без публика на мечевите каде Победа е домаќин, поради случувањата на претходниот меч со Шкендија Арачиново.
Иако без гледачи, Победа се очекува атак кон трите бода.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕШНОТО 13. КОЛО: Победа – Кожуф, Скопје – Тетекс, Детонит – Преспа, Слога В. – Саса, Беласица – Новаци, Шкендија А. – Брегалница Ш., Осогово – Вардар Н. Мечот Големо Коњари – Охрид, поради врнежи и премногу вода на теренот во Големо Коњари, преместен е за 3 декември на истиот терен.
ТАБЕЛА: Шкендија А. 32, Брегалница Ш. и Охрид 27, Беласица 25, Скопје 23, Новаци и Детонит 20, Кожуф и Осогово 17, Саса 14, Тетекс 13, Победа и Вардар Н. 10, Преспа 9, Слога В. 4, Големо Коњари 3.
А еве што вели гостинскиот тренер Иван Варадиновски, во аудио-разговорот за спортската емисија на Радио Холидеј: