Од Прилеп и фудбалските екипи од Општинската лига одигруваат пријателски мечеви. Пред се интересни се екипите Корзо и Прилеп сити. Тие за противник го имаа пријателскиот клуб Хајдук од Лознани, Битолско.
Прво, на 8 февруари, контролен меч во Лознани одигра Корзо, а домаќинот тогаш победи со 5:2. Денеска точно напладне во Лознани гостува Прилеп сити. Овие клубови се меѓу себе збратимени, така што може да се очекува и игра и дружба. Впрочем, спортот ја има функцијата на дружење, зближување.
Прилеп сити и претходните години одигруваше пријателски мечеви со Хајдук, како во Лознани така и во Прилеп.