Семејството Белистојаноски е познато одамна не само меѓу прилепчаните, ами и во цела Македонија, па и пошироко. Една од поголемите причини се – медалите на големите натпреварувања. Таткото Петар (селектор) уште во далечната 1994 година има освоено бронзен медал на Европско првенство, а синот Матеј пред една недела го освои златото преку шест победи во Лимасол, Кипар, на Европското за кадети, јуниори и У-21.
Подолу е аудио-разговорот со Матеј Белистојаноски: