Во Лознани се одигра братскиот контролен меч помеѓу екипите членки на општинскиот ранг во Битола (Хајдук Лознани) и Прилеп (Прилеп сити), предводени од Бенито Наумчески и Коста Мирчески. Мошне ефикасен дуел со 9 гола, а резултатот е 6:3 во полза на Хајдук. Стрелци: Бенито Наумчески 1, Јован Пивковски 1 и Мухамед Телај 4 (Хајдук), а Веле Мартиноски 1, Ангел Барлески 1 и Диме Грозданоски 1 (Прилеп сити). По мечот имаше долга дружба на збратимените.

На разделба закажан е реванш во Прилеп, за на 1 март.