Фудбал

ПРИЛЕП: ВРАТИТЕ ЗАКЛУЧЕНИ, А ПУБЛИКА ПАК ЌЕ ЈА ГЛЕДА ПОБЕДА СО БРЕГАЛНИЦА!

Има долга традиција на дуелите Победа (Прилеп) – Брегалница (Штип), така што и утрешниот од последното есенско коло на Втората лига не може а да не биде дерби. Едноставно – дерби е секој меч на овие клубови, коишто во минатото имаат играно и пред 10 и повеќе илјади гледачи. Илјадници гледачи во Штип, илјадници гледачи во Прилеп, така што и на утрешниот меч иако вратите од стадионот „Гоце Делчев“ ќе бидат заклучени, поради казната од ФФМ за играње 4 меча без публика, сигурно е дека публика сепак ќе има. Таа во вакви случаи се собира на скалите кај старата болница, како што беше на 21 ноември, кога гостуваше гевгелиски Кожуф. Сега публиката тука да се собере има повеќе мотиви – последно есенско коло е, гостува клубот со најзвучно име, голема е желбата да се види со какви играчи располага штипскиот тим, голема е желбата да се види со кои играчи ќе се претстави прилепскиот клуб, со оглед на тоа што потенцијални првотимци се и членовите на младинската екипа и искусните што имаат играно во други клубови. Можно е да се направи некаква комбинација – здружени сили да му се спротивстават на големиот ривал. За Победа многу значеше бодот во Неготино со Вардар, а многу би значел триумф или барем бод со фаворитот на утрешниот меч во Прилеп.

За мечот Победа – Брегалница судии се: Александар Василевски – Стефан Стојановски, Мервин Топојани – Борче Павловиќ (сите од Скопје). Делегат е Дритан Бакали (Дебар), контролор Благој Шуклев (Стојаково).

ДВОЈКИ ЗА 15. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА (сабота од 13 часот): Победа – Брегалница Ш., Големо Коњари – Тетекс, Детонит – Скопје, Слога В. – Охрид, Кожуф – Вардар Н., Шкендија А. – Саса и Осогово – Новаци. Единствено в недела од 13 часот е мечот Беласица – Преспа.

ТАБЕЛА: Шкендија А. 32, Брегалница Ш. и Охрид 30, Скопје 29, Беласица 28, Новаци 26, Осогово и Детонит 23, Кожуф 20, Саса 17, Тетекс 13, Победа и Вардар Н. 11, Преспа 9, Слога В. 7, Големо Коњари 3.

Од категоријата

В НЕДЕЛА ПАК ДЕРБИ – ПРВИОТ ПРОТИВ ТРЕТИОТ!  

Зоран Иге

(фото, резултати, стрелци) УЛТРА-ПРЕСВРТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОБЕДА ДОБИВА МИЛИОН ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион