Прилепскиот млад шахист Никола Павлески(16-годишен) од денеска до недела ( 28- 30 ноември) е учесник на Европското сениорско поединечно првенство во забрзан шах (рапид и блиц) кое се одржува во Приштина, Косово. Во дисциплината „рапид“ има 374 учесници од кои 27 се од Македонија. Во дисциплината „блиц“ има 370 учесници од кои 31 од Македонија.
Певлески е меѓу најмладите, кадет, така што против него се можни многу повозрасни противници, како на пример 29-годишниот ВМ Латаша Сантос (Шпанија) – прворангоран во „рапид“, 38-годишниот ВМ Радослав Војтачек (Полска) – второрангиран, 48-годишниот ВМ Кристијан Бауер (Франција) – четврторангиран во „блиц“, 56-годишниот Васил Иванчук (Украина) – петторангиран во оваа дисциплина итн…
Никола Павлески е член на ШК „Алкалоид“ од Скопје.