Поради влошените терени од дождовите дури 5 меча од денешното 15-то последно есенско коло на Втората фудбалска лига се одложени и презакажани за 14 февруари 2026 година, а тие се: Големо Коњари – Тетекс во Големо Коњари, Детонит – Скопје во Радовиш, Слога – Охрид во Виница, Кожуф – Вардар во Гевгелија и Осогово – Новаци во Кочани. Три меча, сепак, остануваат да се одиграат викендов. Два се денеска од 13 часот: Победа – Брегалница во Прилеп и Шкендија Арачиново – Саса во Скопје. Еден е закажан за утре, недела, од 13 часот: Беласица – Преспа во Струмица.
За мечот Победа (Прилеп) – Брегалница (Штип) познати се службените лица одредени од ФФМ: Александар Василевски (главен судија)– Стефан Стојановски (прв помошник судија), Мервин Топојани (втор помошник судија) – Борче Павловиќ (четврти судија) – сите од Скопје, Дритан Бакали (делегат) од Дебар, Благој Шуклев (контролор) од Стојаково. Со нетрпение е очекувањето за составите на двата тима, според одлуките на тренерите Филип Мирчески за Победа и Влатко Костов за Брегалница.
ТАБЕЛА: Шкендија А. 32, Брегалница Ш. и Охрид 30, Скопје 29, Беласица 28, Новаци 26, Осогово и Детонит 23, Кожуф 20, Саса 17, Тетекс 13, Победа и Вардар Н. 11, Преспа 9, Слога В. 7, Големо Коњари 3.