Прилепчаните се гладни за квалитетни спортски настани, така што страдаат поради казната 4 меча без публика за фудбалскиот второлигаш Победа (денеска од 13 часот игра дома со штипска Брегалница), но меч на високо ниво можат да гледаат во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Во неа од 18.30 часот вечерва е дуелот Прилеп – Бутел (Скопје) од 14.коло на Супер лигата на Македонија во ракомет за мажи. Гостува екипа предводена од прилепчанец, Горан Кузманоски – Таста, пласирана на 6.место со 13 бода, место коешто води кон плејофот, а домашниот тим Прилеп, предводен од стружанецот Наум Танески има за цел да влезе во тоа горно друштво на 6 тима, иако сега е на 8.место со 10 бода. Рапосложението е одлично во прилепскиот табор, по претходниот триумф во Куманово со 29:28 во последната секеунда.
Значи – сите предуслови постојат за вечерва да има преполна сала во Прилеп. Службени лица за мечот Прилеп – Бутел се: Дејан Георгиевски и Димитар Георгиевски – судии, Ацо Николовски – делегат (сите од Скопје).
ДВОЈКИ ЗА 14. КОЛО: Прилеп – Бутел, Тиквеш – Струга, Радовиш – Пролет, Еурофарм Пелистер 2 – Куманово, Охрид – Вардар, Еурофарм Пелистер – Алкалоид.
ТАБЕЛА: Вардар 26, Еурофарм Пелистер 23, Охрид 21, Алкалоид 20, Тиквеш 14, Бутел 13, Еурофарм Пелистер 2 12, Прилеп 10, Пролет 9, Струга и Куманово 4, Радовиш 0.