Втор ден е од четиридневниот Меморијален меѓународен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ Еурофарм Пелистер 2 (Битола) со 35:29 ја совлада Црвена звезда (Белград, Србија), а Прилеп со 24:23 беше подобар од Тиквеш (Кавадарци). Вчера: Пролет (Скопје) – Еурофарм Пелистер 2 16:27, Прилеп – Бутел (Скопје) 33:28. Утре од 18 часот играат Црвена звезда – Пролет, од 20 часот Тиквеш – Бутел.





По повод турнирот, во оваа прилика објавуваме видео-разговор со Огњен Кајганиќ, спортскиот директор на Црвена звезда:
ВИДЕО