Ракомет

ПРИЛЕП СО ТРИУМФОТ ВО СТРУГА ГИ ВРАТИ ШАНСИТЕ ЗА ОПСТАНОК

Екипата на Прилеп со 28:26 триумфира над Струга, во 4. коло од плеј-аутот на машката Супер лига. Ова е значајно за тимот на тренерот Горан Кузманоски – Таста со оглед на претходните три пораза во оваа фаза. Прекината е неуспешната серија, вратени шансите за опстанок. На денешниот меч прилепчаните постојано водеа, стружаните некако стигнуваа до израмнувања до 40. минута. Во последната третина на гостите им успеа да се оддалечат и на крајот заслужено дојдоа до победоносен резултат 28:26.

На вториот меч од ова коло Радовиш – Скопје 24:21, резултат што е во прилог на прилепскиот тим, така што на табелата има битни измени.

ТАБЕЛА: Пролет 14, Струга 10, Прилеп 6, Скопје 4, Радовиш 3.

СЛЕДНО 5. КОЛО (21 април): Скопје – Пролет, Прилеп – Радовиш

Од категоријата

КОЈ ЌЕ БИДЕ ФИНАЛИСТ – ДУБОЧИЦА ИЛИ ПРИЛЕП?

Зоран Иге

ЧУДНИ ПРЕСВРТИ ДО ТРИУМФ НА ДЕСПИНА!

Зоран Иге

ПРВО РАКОМЕТ, ПА МАЛ ФУДБАЛ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе