Фудбал

СЛУЧАЕН КОРНЕР ГО ИЗВЛЕЧЕ ЛИДЕРОТ ВО ПРИЛЕП

Екипата на Слога со убедливи 3:0 го совлада Братство во Прилеп, но резултатот е погрешна слика за она што се случуваше на теренот кај Могилата. Лидерот на табелата до 52. минута се мачеше да наметне своја игра, дури, може да се каже, дека домашниот состав во одделни периоди ја имаше иницијативата. Сепак, во таа 52. минута се изроди случаен корнер за виничаните, кога се чинеше дека ќе има гол-аут, а топката беше исфрлена од домашен играч во корнер. Токму по тој корнер топката се одби, од волеј ја начека Стојче Стојов и го погоди долниот агол за 0:1. Одлучувачки моменти, по кои гостите некако се средија, па домашните се поретко притискаа. Имаше неколку мешаници во гостинскиот шеснаесетник, дуели и паѓања по кои се бараа пенали, а се стана поизвесно во 79. минута кога домашниот играч Мемет Идризи доби црвен картон. Следеа уште два гостински гола, на Андреј Симевски во 81. и на Божидар Митревски во 83. минута.

РЕЗУЛТАТИ ВТОРА ЛИГА – ИСТОК, 22. КОЛО: Локомотива – Победа 1:2 (Дарко Иванов 42. – Бојан Спиркоски 20, Даниел Карчески 37.), Братство – Слога 0:3, Осогово – Беласица 0:5, Саса – Пехчево 2:2, Детонит – Кожуф 2:2.

ТАБЕЛА: Слога 48, Победа и Беласица по 47, Саса 44, Пехчево, Кожуф и Осогово по 27, Детонит 21, Братство 13, Локомотива 6.

СЛЕДНО 23. КОЛО: Победа – Осогово, Кожуф – Братство, Слога – Локомотива, Беласица – Саса, Пехчево – Детонит,

Од категоријата

(фото) ПОБЕДА ПОЧНА СО НАД 20 ФУДБАЛЕРИ!

Зоран Иге

ДЕНЕСКА НА ГРАДСКИ, ОД УТРЕ ПРЕСЕЛБА НА МОГИЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ДЕСПИНА СО СИЛЕН ОТПОР НА ШАМПИОНОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе