Колку и да е Охрид голем фаворит, се очекуваше барем малку посилен отпор од Големо Коњари, на својот терен. Сепак, превисок триумф на охридската екипа денеска во Големо Коњари, во одложениот меч на 13. коло од Втората лига на Македонија. Во Големо Коњари, Големо Коњари – Охрид 0;9 (0:3). Стрелци: Антонио Каланоски 2, Бојан Затуроски, Стојан Попоски, Иван Глигоров 3, Ерен Парталко, Димитриј Димитриевски. Охрид во голема борба се избори за високата победа, за со гол-разликата да биде втор на табелата, над штипска Брегалница.
На вториот денешен меч, одложен од 14. коло, во Тетово, обратно – немаше ниеден гол, Тетекс – Кожуф 0:0.
ЗАПИСНИК ГОЛЕМО КОЊАРИ – ОХРИД 0:9 (0:3)
ЗАПИСНИК ТЕТЕКС – КОЖУФ 0:0
ТАБЕЛА: Шкендија А. 35, Охрид и Брегалница Ш. 33, Беласица 31, Скопје 29, Новаци 26, Осогово и Детонит 23, Кожуф 21, Саса 17, Тетекс 14, Вардар Н. и Победа 11, Преспа 9, Слога В. 7, Г. Коњари 3.
ОСТАНАТИ МЕЧЕВИ ЕСЕНВА: Кожуф – Вардар Н. и Осогово – Новаци (сабота, 6 декември, 13 ч.), Големо Коњари – Тетекс и Слога В. – Охрид (недела, 7 декември, 13 ч.) и Детонит – Скопје (петок, 12 декември, 13 ч.).