Фудбал

ДЕСПИНА СЕ ИЗВИШИ ДО 4. МЕСТО!

Екипата Деспина со убедливи 4:1 го доби дуелот во Тетово со домашната Шкендија, во 11. последно есенско коло од фудбалската Прва женска лига на Македонија.  Прилепскиот состав поведе во 11. минута преку Србинката Жељана Максимовиќ, а до крајот на полувремето мрежата ја затресе капитенот Катерина Милеска. Третиот гостински гол падна по ударот на  Ана Боризоска, а четвртиот е дело пак на Милеска. Во 60. минута поразот на Шкендија го ублажи Икмете Лимани. Во записникот има напишано: Во крајно фер и коректен натпревар, сосема заслужено победи гостинската екипа. Организацијата на натпреварот беше на високо ниво за што се заслужни домаќините. Со трите бода Деспина се искачи на 4. место од табелата, со изгледи напролет уште да напредува.

Напролет, во 1. коло Деспина игра со Борец во Велес.

Од категоријата

ПРИЛЕП ГИ СОБИРА ФУДБАЛСКИТЕ НАДЕЖИ ОД БАЛКАНОВ!

Зоран Иге

(резултати, состави, стрелци) СИЛЕН УДАР ЗА БОД ОД СКОПЈЕ ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ПОБЕДОНОСЕН ГОЛ ВО 95. МИНУТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе