Утре (сабота) почнува едно необично првенство – Светското фудбалско првенство за бездомници! Домаќин е Осло, главниот град на Норвешка.
Во машка конкуренција учесници се: Бразил, Јужна Африка, Норвешка, Чешка, Грција – Полска, Англија, Чиле, Шведска, Канада – Португалија, Ирска, Финска, Германија, Шпанија – Мексико, Египет, Костарика, Швајцарија, Холандија – Северна Ирска, Унгарија, Италија, Австралија, Јапонија – Литванија, Шкотска, Индија, Хонг-Конг, Гана – САД, Бугарија, Данска, Аргентина, Буркина Фасо – Индонезија, Австрија, Киргистан, Босна и Херцеговина, Брегот на Слоновата Коска.
Во женска конкуренција учесници се: Индија, САД, Норвешка, Велс, Брегот на Слоновата Коска, Виетнам – Романија, Полска, Данска, Финска, Замбија, Обединети бездомници од светот – Мексико, Кенија, Северна Ирска, Шведска, Грција, Зимбабве – Египет, Ирска, Швајцарија, Австрија, Уганда, Танзанија.
Првенството завршува на 30 август.
Една од дефиниците за бездомништво е „, состојба на недостаток на стабилно, безбедно и функционално домување. “ Познат играч кој настапувал како бездомник е Ричард Коне (Брегот на Слоновата Коска) кој 2019 година бил учесник на Светското првенство за бездомници во Кардиф (Велс), а потоа стигнал до Чемпионшип во Англија, во екипата Квинс парк ренџерс (Лондон) и вреди над три милиони евра.