Долгата традиција во Прилеп да се присуствува и на тренинзите од Фудбалскиот клуб Победа не престанува и ден-денеска. Откако почнаа најновите летни подготовки на 12 август, секој ден тренинзите ги следат најзагреаните, најверните приврзаници на клубот. Меѓу нив е Кире Иваноски – Балче, кој поддршката ја дава од трибината, со транспарент на кој го пишува името Победа.
По 11 дена тренинзи, Победа утре (сабота) од 17 часот гостува во Новаци, во 1. рунда од Втората лига на Македонија.