Фудбал

ЕДЕН ГОЛ ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ, ДУРИ СЕДУМ ВО ВТОРОТО!

Мошне ефикасно започна новото првенство од фудбалската Прва лига на Македонија за жени. Во Прилеп, на игралиштето со вештачка трева, домашната Деспина со високи 8:0 го совлада велешки Борец. Крајниот резултат е поради седумте гола во второто полувреме. До одморот домашните водеа со 1:0. Стрелци: Симона Тасева 6,55, Катерина Милеска 71, 75, 83, Жељана Максимовиќ 77, Михаела Настовска 81, Николина Батиниќ 90+2. Прилепскиот тим, очигледно, е многу посилен од минатото првенство и ќе атакува на позиции од горниот дел на табелата. Настапија: Шљиво, Тасева, Милеска, Петровска (78. Тодосова), Батиниќ, Боризоска (46. Љондевска), Ефтинџиоска, Павловска (89. Мојсоска), Илиевска (46. Настовска), Максимовиќ, Чубриноска (89. Трипчевска). Во следното 2. коло Деспина е гостин на екс-шампионот, Саса во Каменица.

На другите денешни мечеви, Речица (Куманово) – Саса (Каменица) 0:11, Скопје – Шкендија (Тетово) 5;3.

Од категоријата

(состави, стрелци) ГОЛЕМО КОЊАРИ ДО СЕНЗАЦИЈА ВО ВЕЛЕС!

Зоран Иге

ЗАСТОЈ ВО ТРЕТАТА МИНУТА!

Зоран Иге

ПРВА МОЖНОСТ ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе