Фудбал

(фото, резултати, стрелци) УЛТРА-ПРЕСВРТ ВО ПРИЛЕП!

Привршува Третата лига – Југ. Попладнево, во 19. коло, имаше неколку изненадувања. На игралиштето кај Могилата во Прилеп, Ултрас – Големо Коњари 5:4. Домашните се изборија за пресврт откако гостите водеа со 1:3 и 2:4 до 60. минута. Меѓу 65. и 75. минута Ултрас даде три гола и така стигна до победата од 5:4. Стрелци: Миодраг Тасески 2, Михаил Јакопетревски, Јосиф Стојчески, Никола Илиоски (Ултрас) – Михо Андреевски, Илчо Митрески 3 (Големо Коњари).

РЕЗУЛТАТИ: Росоман – Марена 1:1 (Стефан Костовски – Мартин Јовановски), Бучин – Питу Гули 3:2 (Благојче Ефтинџиоски 2, Михаил Вурмески – Маринко Јованоски автогол, Благојче Спасески), Локомотива – Превалец 0:3 (Живко Ѓорѓиевски, Иванче Давитков, Ристо Станковски), Ултрас – Големо Коњари 5:4 (Миодраг Тасески 2, Михаил Јакопетревски, Јосиф Стојчески, Никола Илиоски – Михо Андреевски, Илчо Митрески 3), Борец – Младост 7:0 (Пеце Стојанов, Милан Чичевски 2, Јосиф Манасиев, Дејан Стефановски 2, Бојан Петковски).

ТАБЕЛА: Борец 42, Росоман 37, Превалец 36, Големо Коњари 31, Питу Гули 27, Слога 25, Младост 19, Ултрас 17, Марена 12, Локомотива и Бучин 10.

СЛЕДНО 20. КОЛО (сабота, 4 мај во 16 часот): Марена – Борец, Младост – Ултрас, Големо Коњари – Локомотива, Превалец – Бучин, Питу Гули – Слога.

Од категоријата

(ВИДЕО) СЕ ЗА ЕВРОПСКИОТ НАСТАП НА ПОБЕДА СО КИРИЛ ОВЕЗОСКИ

Зоран Иге

ДЕСПИНА РАСПОЛОЖЕНА ЗА ГОЛОВИ, ПОСТИГНА 10! (фото)

Зоран Иге

ДРАМАТИЧНИ ТРИ МИНУТИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе