Претстои 12. коло од Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп. Поради најголемите христијански празнувања, мечевите се распоредени во 9 дена. Првиот е утре (петок, 10 април) од 14 часот. Во Мажучиште е интересен дуел, Динамо – Црвена ѕвезда Сенокос. Преку евентуален триумф, петтиот има шанса да се приближи до третиот на табелата. Другите три меча се дури на 19 април (недела) од 10 часот, Братство Големо Коњари – Кадино, Кадица Забрчани – Гарван Десово и Козара Заполжани – Стрела Ерековци.
Во претходното 11. коло, Кадино – Кадица 2:2 (стрелци: Миле Талески, Бојан Самарџиоски – Александар Димески, Благојче Митрески), Гарван – Козара 3:0 службено, Стрела – Динамо 0:1 (-Мартин Јосифоски) и Црвена ѕвезда – Братство 2:1 (Виктор Тошески 2 – Александар Божиноски).
ТАБЕЛА
