Според информацијата од ФК Големо Коњари, предмалку ждрепката го извлече овој клуб за да биде учесник во Втората лига на Македонија. Овој клуб (или поточно клуб од ова место) се враќа во ова второлигашко друштво по 31 година, бидејќи клубот со име Братство три сезони одигра во овој ранг – 1991/92, 1992/93 и 1993/94. Честитки за Управата (предводена од Тони Даноски), Стручниот штаб (со Горан Касниоски) и сите фудбалери, коишто го освоија првото место во Третата лига – Југ.
Инаку денешната ждрепка беше наклонета и на Осогово од Кочани, а немаше среќа Преспа од Ресен.
Сега со нетрпение се чека ждрепката за распоредот во есенскиот дел на Втората фудбалска лига на Македонија, каде ОФС Прилеп има уште еден клуб, Победа.
ВТОРА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА, 2025/26: Победа (Прилеп), Големо Коњари (Големо Коњари), Беса (Добри Дол), Брегалница (Штип), Детонит (Радовиш), Саса (Каменица), Охрид (Охрид), Беласица (Струмица), Кожуф (Гевгелија), Скопје (Скопје), Новаци (Новаци), Вардар (Неготино), Осогово (Кочани), Тетекс (Тетово), Шкендија (Арачиново) и Слога (Виница).