Натпреварот од 11. коло на фудбалската Прва лига на Македонија, Победа – Академија Пандев 1:1, бргу ќе се заборави, освен еден потег. Тоа е преубавиот израмнувачки гол од далечина на Хамза Рамани во 75. минута. Младиот, дваесетгодишен првотимец на Победа, младински репрезентативец, испрати силен, прецизен и шут со чуден лет на топката. Од околу 30 метри далечина, топката леташе со брзина од 103 километра на час, во левиот голмански агол, до каде стигна за 1,05 секунди. Имаше чуден лет, бидејќи прво леташе високо, а кога се приближи пред петерецот се спушти долу во мрежата. Неодбранлив удар за секој голман.
Вакви евро-голови ја привлекуваат публиката на трибините. Следен меч на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп утре (среда од 14 ч.) е Победа – Македонија ЃП, во рамките на Купот.
ВИДЕО: