Драматичен финиш се случи во Радовиш, на дуелот од плејаут-фазата, Радовиш – Прилеп. Гостинскиот тим Прилеп поведе со 31:30 на 49 секунди до крајот. Се чинеше дека е на добар пат да ги освои двата бода, но… Токму во овој кус временски период Радовиш успеа да возврати со два гола и да се избори за брз пресврт, така што конечниот резултат е 32:31 за домашниот состав.
РЕЗУЛТАТИ: Радовиш – Прилеп 32:31, Куманово – Пролет 22:27.
ТАБЕЛА: Пролет 17, Прилеп 13, Куманово 11, Радовиш 10, Струга 6, Борец 1.
ПОСЛЕДНО 10. КОЛО (8 јуни): Прилеп – Струга, Пролет – Радовиш, Борец – Куманово.