Претстои десеттото издание на Меморијалниот меѓународен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Натпреварите се од четврток до недела во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, а учесници се шест тима: Прилеп (Прилеп), Бутел и Пролет (Скопје), Еурофарм Пелистер 2 (Битола), Тиквеш (Кавадарци) и Црвена звезда (Белград, Србија). Иако Црвена звезда првиот меч го игра в петок, во Прилеп екипата доаѓа еден ден порано – в четврток.
За турнирот интересно е да се каже дека Организацискиот одбор во соработка со РК Прилеп се потрудија да обезбедат нова подлога во салата, да ги доуредат стативите, така што ќе има подобри услови за одвивање на дуелите на квалитетните екипи. Влезот во салата е слободен и се очекува исполнета трибина со гледачи.
Оваа година наградата за животно дело е за Петар Велјаноски – Стипе, популарниот ракометар и тренер.
По повод турнирот, денеска во хотелот „Атлас“ имаше прес-конференција, на којашто обраќање имаа Рубин Седлоски од Организацискиот одбор и Никола Чадамов од РК Прилеп:
ВИДЕО