Се одиграа мечеви од 11. коло на Супер лигата на Македонија за мажи. Еве ги резултатите: Радовиш – Прилеп 24:29, Охрид – Пролет 30:20, Струга – Еурофарм Пелистер 2 22:26, Еурофарм Пелистер – Куманово 45:20. Денеска: Вардар – Алкалоид, Тиквеш – Бутел.
Конкретно за Радовиш – Прилеп, може да се рече дека сосема очекуван епилог. Во текот на целиот меч Прилеп имаше водство. Најистакнати стрелци: Мартин Димов, Здравко Постолов и Славе Јанковски по 4 гола (Радовиш) – Димитар Димитриоски 8, Владан Кастратовиќ и Денис Шабановиќ по 4 гола (Прилеп). Во следното коло Прилеп пак е гостин, на Еурофарм Пелистер 2 во Битола, на 15 ноември. Тоа ќе биде можност за нови бодови, потребни за пробив во горниот дел од табелата.
ТАБЕЛА: Вардар 20, Еурофарм Пелистер 19, Алкалоид 18, Охрид 17, Бутел 11, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 по 10, Пролет 9, Прилеп 8, Струга 4, Куманово 2, Радовиш 0.