Иако заврши во неделата, за спектаклот на отвореното игралиште во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп, Петнаесеттиот турнир во баскет „КГЈ3Х3“ и натаму се зборува. Можат да се слушнат само убави зборови и од неколкуте илјади гледачи што се собраа трите дена и од учесниците. А ги имаше и од странство, од Турција, во екипата „Бехтел и Енка“ од познатата градежна компанија. Подолу е видео-разговорот со Горан Ѓорѓиевски, претставникот на „Бехтел и Енка“:
ВИДЕО