Одиграно е 12. коло од Првата кошаркарска лига на Македонија, А-група. Дербито во Охрид им припадна на гостите од Прилеп, Охрид – Мега баскет 64:81. Ова се големи два бода за прилепската екипа. Во доминацијата на Мега баскет придонесе Владимир Враниќ со 35 поени, Александар Јовановски постигна 14, Роберт Димитриевски 12. Сега на табелата прилепскиот тим е на чело со 20 бода, пред скопски Вардар со 18 и меч помалку.
Резултати 12. коло: Охрид – Мега баскет Прилеп 64:81, Тетекс Тетово – Црн Дрим Струга 74:62, Водно санс Скопје – Младинец Скопје 116:85, Вардар Скопје слободен.
Табела: Мега баскет 20, Вардар 18, Охрид 17, Водно санс 16, Црн Дрим 14, Тетекс 13, Младинец 10.
Следно 13 .коло: Тетекс – Охрид, Црн Дрим – Водно санс, Младинец – Вардар, слободен Мега баскет.