Евролигата како да има влијание и кај нас. Таму во четвртфиналето Партизан двапати победи во Мадрид, а Реал двапати возврати во Белград. Третиот меч, „мајсторката“ ја доби Реал во Мадрид. Нешто слично и во полуфиналето од плеј-офот за влез во Втората кошаркарска лига на Македонија. Маџари изненади со победа во Прилеп, а синоќа Мега баскет возврати со триумф во Скопје. В сабота (19 ч.) е „мајсторката“ во Прилеп.
– Одигравме колективно, не како на првиот меч каде се истакнуваа поединци. Се изборивме за ново полнење на салата во Прилеп – велат од Мега баскет.
Да беше и салата „Македонија“ ќе се наполнеше, камоли салата во ОУ „Добре Јованоски“. Прилепчаните го сакаат спортот, ја сакаат кошарката и сигурно дека сите седишта и места на трибината ќе бидат исполнети за преубав амбиент.