Низ Прилеп и Прилепско, меѓу приврзаниците на фудбалот, многу имиња, презимиња и клубови се спомнуваат во овој зимски период, во врска со преодниот рок почнат од средата, 21 јануари. Меѓутоа, ако се гледа само врз официјалните информации од Општинскиот фудбалски сојуз, тогаш само еден трансфер меѓу сениорите досега е верификуван. Станува збор за преминот на Филип Димоски од Победа (Прилеп) во Осогово (Кочани). Искусниот 26-годишен напаѓач и голгетер, мајстор за голови, од 13-тата екипа со 11 бода премина во 8-та со 24 бода на табелата од Втората лига на Македонија.
Тој трансфер засега е единствена промена во Победа (клуб каде немало извршено ниту една пререгистрација на досегашните фудбалери сениори). А во ОФС Прилеп досега немало пристигнато друга докумантација за ниту еден друг сениор со променета средина и од другите фудбалски клубови што се во овој регион. Сепак, за волја на вистината, има уште време за извршување на овие административни работи.
Крајот на зимскиот преоден рок е на 11 февруари.