Фудбал

ПРИЛЕП: ТЕМА СЕ КЛУПСКИТЕ АКЦИИ НА ФК ПОБЕДА!

 

Фудбалскиот клуб, второлигашот прилепска Победа е во тешка ситуација во последно време, па се предлагаат разни решенија за надминување на кризата. Едно од нив е клупските акции од акционерите да се вратат кај Општината Прилеп, така што потоа да се повлечат потези за спас.

Еве го размислувањето на Сашко Попоски од Скопје, член на Управниот одбор на ФК Победа, чија сопруга Јана Мицковска – Попоски е мнозински акционер со сопственост на 70 насто од клупските акции.

– Ние сме акционери во клубот, како што се д-р Гоце Ингилизов и Благоја Гешоски. Уште кај претходниот градоначалник на Прилеп кажавме дека ние како мнозински акционери немаме интерес да го работиме клубот во такви услови. Се нафатија  други луѓе, но и тие не можат да излезат сами на крај. Дефинитивно, без помош на државата, без помош на Локалната самоуправа, спортски клуб во Македонија многу тешко може да се одржува. Така, Вардар, Пелистер, Тиквеш и ред други клубови сите се покриени од државата, државата стои зад нив, додека приватен капитал многу тешко ќе застане во нерасчистени услови. Уште пред шест месеци ние ја видовме состојбата во Победа. Спонзорот од САД се повлече, а никој не му помогна на клубот – вели Попоски.

Акциите дали е возможно акционерите да ги вратат кај Општината Прилеп?

– Возможно е. Ингилизов нека ги врати 20 насто, Гешоски нека ги врати 10 насто, а ние ќе вратиме 21 насто за Општината да има мнозински пакет од 51 насто како што е кај ФК Тиквеш. Ние сме единствената компанија што купи акции од ФК Победа. Доколку сака некој да ги купи на берза, нека дојде таму и ќе му ги продадеме, нема проблем. Сите варијанти се во игра. Доволно е некој да сака. Но мене ми се чини дека таму сите зборуваат низ чаршијата, ама никој не сака да ги засука ракавите. Бараат само бесплатно да земат нешто. Не бива така таа работа. Којшто сака да дојде да преговара, се е отворено, никој никаква пречка не прави. Се знае како на пазар се оди дополнува тој.

Проблем којшто се спомнува се долговите во клубот, за кои не се очекувала толку висока сума:

– Ние потпишавме договор, ги откупивме акциите, но не ги очекувавме тие долгови. Кога ги откупивме акциите, ние добивме пристап до книгите и видовме тоа што не ни се допаѓа – висината на долговите. Нека повели којшто е следен нека ги земе акциите. Со помош на државата и на градот може да се успее. Клубот е многу важен за градот – порачува Сашко Попоски.

Потребно е под итно преземање мерки, бидејќи преодниот рок веќе трае една недела, а пролетниот дел од Втората лига почнува многу рано, на 21 февруари.

 

Од категоријата

ПРИЛЕП: ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ДОСЕГАШНИОТ, ПОВИК ЗА НОВ, ЗДРУЖЕН ТИМ ЗА СПАС НА ПОБЕДА! 

Зоран Иге

ПО ДОЛГИ 11 ГОДИНИ СЕ СЛУЧУВА БАРАЖ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

СЕДУМ ГОЛА ВО СТРУМИЦА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион