Фудбал

СЕДУМ ГОЛА ВО СТРУМИЦА

Пријателскиот фудбалски натпревар Академија Пандев – Победа заврши со 4:3 за домашните. На теренот од Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица, се одигра отворен фудбал со многу шанси. Во првото полувреме Победа поведе преку капитенот Бојан Спиркоски, а во финишот на полувремето домашните израмнија. Во второто полувреме паднаа уште пет гола. Стрелец на вториот гол за Победа е Атхе Маззри, на третиот повторно Бојан Спиркоски. Победа започна со:Тофилоски, Рамани, Стомнароски, Паноски, Коцев, Бошески, М.Наумоски, Тодороски, Мазари, Петејчук и Б. Спиркоски. Во вториот дел уште играа: Котевски, Хани, Делов, Ѓурковиќ, Симуновиќ, Џејмс и Амос. За тимот на Академија Пандев 75 минути одигра Николче Шаркоски.

Ова  е последниот, петти тест на Победа пред првенствениот старт на 7 август кај Струга.

Од категоријата

УШТЕ ИМА ФУДБАЛ: В НЕДЕЛА СЕ ДОДЕЛУВА ПЕХАР ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ВАКОВ РЕЗУЛТАТ НЕ СЕ ОЧЕКУВАШЕ!

Зоран Иге

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе