Фудбал

ПО ДОЛГИ 11 ГОДИНИ СЕ СЛУЧУВА БАРАЖ ВО ПРИЛЕП

На 7 јуни 2011 година на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се случи чудо – второлигашот Миравци со високи 4:1 го совлада дотогашниот прволигаш Скопје, во бараж-мечот за Првата лига. Миравци сепак не заигра во прволигашкото  друштво, бидејќи настана фузија со Вардар, па скопскиот клуб така остана прволигаш. Но, се памети тој силен клуб од мало место – Миравци. Баражите се најинтересните натпревари. По долги 11 години конечно пак се случува бараж во Прилеп за влез во Првата лига. Битка ќе бијат второлигашот Воска од Охрид и прволигашот Тиквеш од Кавадарци. Настапуваат двајца прилепчани – Стефан Наумчески за Тиквеш, Игор Паноски за Воска.  Дуелот е в недела во 17 часот.

Вториот бараж за Првата лига, Скопје – Беласица, се игра во Штип.

Од категоријата

НАЈСИЛНИОТ ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ФУДБАЛЕР ОД СКОПЈЕ ДОЈДЕ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

ПЕХАРОТ ПОБЕГНА ВО 90. МИНУТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе