Фудбал

ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА ОДБИРА ТЕРЕН

Мај е месец за завршницата од фудбалските првенства. Веќе завршија прволигашкото и второлигашките првенства, па остануваат уште третолигашките и општинските. Публиката има уште што да види. Денеска има два меча во исто време во Прилеп, па публиката треба да одбере каде ќе присуствува. На игралиштето со вештачка трева е заостанатиот меч од 17. коло на Третата лига – Југ помеѓу Динамо од Мажучиште и Големо Коњари. Истоверемно на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ е плеј-оф натпреварот за првак на ОФС Прилеп помеѓу Гарван од Десово и Влазними јуниор од Пресил. Почетокот е во 17 часот.

Утре (четврток) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ е уште еден дуел од плеј-офот за првак на ОФС Прилеп, Мукос од Дреновци против Канатларци.

Од категоријата

СРЕДБА СО ИДНИОТ ПРВОЛИГАШ!

Зоран Иге

ДАЛИ ЌЕ ИМА СУДИСКА АНАЛИЗА ЗА 54. МИНУТА ОД МЕЧОТ БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА?

Зоран Иге

ДВА ЧАСА ГЛЕДАЊЕ СВЕТСКО, ЧЕТИРИ МАЛ ФУДБАЛ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе