На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје беше финалето од Купот на Македонија во фудбал, Вардар (Скопје) – Струга. Тимот Вардар победи со 2:0, со двата гола на 21-годишниот битолчанец Михаил Талевски. Но, во победничкиот тим Вардар има и четворица прилепчани. На фотографијата се тројца – голманот Давор Талески, напаѓачот Николче Шаркоски и тренерот Тони Мегленски, а четвртиот е шефот на Стручниот штаб Гоце Седлоски.
Меѓу претставниците од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше прилепчанец – потпретседателот Марјан Стојковски – Манта, кој ги додели медалите.