Фудбал

ГОЛЕМО КОЊАРИ НОСИ НАВИВАЧИ ВО СКОПЈЕ!

Прилеп и Прилепско се со амбиција и голема надеж да се добие втор второлигаш, покрај Победа, а шансата се вика Големо Коњари. Во овој клуб е голема организација во пресрет на најзначајниот меч оваа сезона, бараж-дуелот против тетовски Тетекс. Првакот на Третата лига – Југ е во дуел со првакот на Третата лига – Запад, а победникот станува второлигаш. Од ФК Големо Коњари има најава за поаѓање на група навивачи кон Скопје, кон стадионот во населбата Ѓорче Петров, каде в сабота ќе се случи мечот од 17 часот. Според тоа што е објавено, за превоз до Скопје и назад се плаќа повратна карта од 400 денари.

Големо Коњари заслужува повисок ранг и според ова што сега претставува клубот, а и според богатата историја – времето кога клубот под името Братство беше во Втората лига на Македонија.

Од категоријата

НЕИСКОРИСТЕНИ ШАНСИ – ПЕТТИ ПОРАЗ

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ДОБИ ПОНУДА ЗА ТЕСТ СО АВСТРИСКИ КЛУБ!

Зоран Иге

ПОБЕДА СО НОВИ НАДЕЖИ КОН КРАТОВО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион