Фудбал

НЕИСКОРИСТЕНИ ШАНСИ – ПЕТТИ ПОРАЗ

Во меч од 8. коло на фудбалската Прва лига на Македонија, во Скопје Работнички со 1:0 ја совлада прилепска Победа. Стрелец Анес Рушевиќ во 30 минута. Во рамноправна игра, прилепчаните не искористија повеќе шанси, особено во второто полувреме. Ова е петтиот пораз на Победа, покрај еден триумф и едно реми. Во екипата на Бобан Бабунски првенствено деби имаше Ганецот Ерик Амо. Следи пауза во првенството.

РАБОТНИЧКИ: Алексовски, Ѓуриќ, Кировски, Велкоски, Алими (Бошковски 65), Рушевиќ (Да Силва 86), Јанакиевски, Шаркоски, Аломеровиќ (Станковски 86), Гандо (Ангелов  60), Тодоровски ( Максимов 60). Тренер: Стојан Игњатов.

ПОБЕДА: Тофилоски, Хани, Делов, Рамани, Тодоров (Тодороски 46), Б. Спиркоски (М. Наумоски 46), Мазари, Џејмс (Амо 63), Галевски, Ѓурковиќ, Дадет. Тренер: Бобан Бабунски.

Други резултати: Шкендија – Шкупи 0:0, Академија Пандев – Македонија ЃП 0:1, Струга – Тиквеш 2:0. На 2 октомври, во следното 9. коло Победа – Шкендија, Тиквеш – Скопје, Македонија ЃП – Струга, Шкупи – Силекс, Брегалница – Работнички.

Од категоријата

ПОЗИТИВНИ НОВОСТИ ОД ПОБЕДА?

Зоран Иге

(ФОТО+СТАТИСТИКА) СТРУЖАНЕЦ ЈА НОКАУТИРА СТРУГА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ПОБЕДОНОСЕН ГОЛ ВО 95. МИНУТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе