Иако Победа е македонски второлигаш, сепак, Победа е бренд, клуб респектиран од секаде и сега. Потврда се контактите и со клубови од странство. Дознаваме дека деновиве стигнала понуда од австрискиот клуб ФАЦ за пријателски, контролен меч на 13 или 14 јули.
– Понудата е добредојдена, но предлог-датумите не одговараат на процесот на подготовките на нашиот тим. Прерано е, бидејќи првиот собир нашите фудбалери ќе го имаат околу 10 јули, а само по три-четири дена пријателски меч е голем ризик од повреди. Мораме да откажеме, за жал – велат од Победа.
Клубот ФАЦ го води некогашниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски.