Прекрасни најнови вести од Бања Лука, од Европското првенство во футсал за ученици до 18 години. Македонскиот шампион, екипата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп со високи 10:1 го растури преставникот на Унгарија. Стрелци: Ведран Мегленски 3, Андреј Петрески и Бруно Стефаноски по 2, Бернис Селимоски, Теодор Ѓероски и Димитар Оклески по 1 гол. Во екипата на професорите Илија Ангелески и Христијан Митрески настапија: Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Ѓероски, Ведран Мегленски, Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоски и Бруно Стефаноски.
Следниот меч е од 15.30 часот, со претставникот на Белгија. Со триумф може да се освои првото место во групата и така да се влезе во четвртфиналето.
Информациите се од Димитар Здравески, единствениот македонски судија на првенството.
Што се однесува до екипата од Прилеп, интересно е да се знае дека таа добива поддршка од сите што се поврзани со Македонија, така што вчера беше посетена и доби поддршка и од македонски репрезентативци, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, членови на Фудбалскиот клуб Борац од Бања Лука.
АКЦИЈАТА ЗА ХУМАНОСТ Е ДЕНЕСКА – 12 МАЈ (ВТОРНИК) ОД 20 ЧАСОТ!
Карти може да набавите од билетарата на НУЦК Марко Цепенков.
Во животот човек не се станува со пари. Богати сме доколку помагаме, богати сме доколку имаме човечност, срце. Големината на човекот е во помагањето на другите. Колку сме богати и големи зависи од нас. Денеска, 12.05.2026 во ДОМ НА КУЛТУРАТА МАРКО ЦЕПЕНКОВ со почеток во 20:00 часот. Дојдете, покажете ја вашата големина, покажете дека заедно можеме нешто, нешто што предизвикува насмевка, нешто што СПАСУВА живот.
ЗА МОНИКА!!! Ве очекуваме
#ЈасСумХуманБидиИТи!
