Фудбалерите на кратовски Силекс со 1:0 (стрелец Босанецот Ади Алиќ) ја совладаа Шкендија Тетово вечерва на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, во рамките на финалниот (триесет и трети по ред) натпревар во Купот на Македонија. Затоа пехарот е веќе во рацете на 26-годишниот Дарко Анѓелески, прилепчанец, капитен на Силекс четири сезони. Претходно има настапувано за прилепска Победа, а потекнува од Школата „Перак“ од Прилеп.
На овој начин Силекс по четврти пат е освојувач на пехарот во Купот и со пласман на меѓународната, европска сцена.