Завршуваат првенствата во сите фудбалски конкуренции, но не завршуваат натпреварите. Ако нема првенствени, во Прилеп се одигруваат пријателски меѓу фудбалските клубови и фудбалските школи. Така вчера на игралиштето со вештачка трева кај некогашната Зоолошка градина, кај населбата „Типски куќи“ се одигра пријателски натпревар Победа – Пандев талент за генерациите 2012/2013. Иако дел од фудбалерчињата се ученици коишто во попладневните часови се со училишните обврски, сепак се најде оптимален термин за одигрување на вчерашниот пријателски меч. Мечот заврши токму пред спуштањето на мракот, па може да се каже дека целта беше постигната. На овие генерации млади фудбалерчиња им требаат и редовни тренинзи и многубројни натпревари, така што може да се очекуваат и натаму пријателски натпревари, не само меѓу прилепските екипи, ами и со вклучување на ривали од другите места, а не е исклучена соработка со странски екипи од соседството.
Најкористени прилепски терени се од Градскиот стадион и теренот со вештачка трева.