Денеска се одиграа уште два меча од 15-тото коло на Втората фудбалска лига на Македонија. Гостите запишаа две победи, во Големо Коњари подобар беше Тетекс, стрелец за домашните беше и Зоран Даноски – Шукер. А во Виница, Слога беше поразена од Охрид кој со овие три бода стана есенски шампион.


Преостанува да се одигра уште натпрeварот на 12 декември, петок, од 13 часот во Радовиш Детонит – Скопје.