Закажано е 13-тото издание на Традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. Организацискиот тим (Општината Прилеп, Спортското здружение, покровител – компанијата „Комфи ангел“) ги претставија сите основни детали пред јавноста: пријавувањето на екипите со котизација – сениори 10.000 и пионери 3.000 денари со краен ден среда, 10 декември, ждрепката на групите со пренос на Интернет в четврток, 11 декември, за на ред да дојдат мечевите од 12 до 28 декември. Според досегашните пријави и овојпат жестока ќе биде битката за пехарот и паричните награди – 300.000, 180.000 и 70.000 денари, бидејќи покрај домашни од Прилеп и Прилепско, учесници ќе бидат и успешни тимови од Скопје, Битола, Охрид и други места. Заинтересираните мора да побрзаат оти ограничен е бројот на екипите на 32. Сите екипи се составени од 10 играчи (5+1 во теренот).
Натпреварите ќе се во две сали – сениорите во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ каде подлогата ја користат и професионалците од ракометната Супер лига и пионерите во ООУ „Добре Јованоски“. Влезот за публиката да ги гледа сениорите е 50 денари (групна фаза) и 100 денари (елиминации до финалето).
Минатата година победник беше екипата Гостилница Кај Џек од Скопје со финална победа од 5:1 против АСП Пак од Охрид.